Skip to main content
КошничкаClose Cart

Дали агаве сирупот е здрав засладувач?

Агаве сирупот се добива од растението агаве, преку негова обработка. Од растението се екстрахираат деловите кои што се користат за производство на агаве сируп, и потоа таа смеса се загрева се додека не се постигне соодветна концентрација на шеќерите.

Она што е специфично за агаве сирупот е тоа што тој содржи поголеми количини на фруктоза за разлика од гликоза. Агаве сирупот сепак се добива со преработка, процесирање на растението, така што не може да се каже дека е сиров производ или пак дека е здрава алтернатива за некои други природни засладувачи.

Медот е дефинитивно многу подобар избор за разлика од агаве сирупот, прво затоа што не се преработува, содржи некои корисни и здрави компоненти, покрај шеќерите, и поради тоа што медот има подобар сооднос на фруктоза и гликоза за разлика од агаве сирупот.

Доколку сте мислеле дека агаве сирупот е поздрава алтернатива за мед, тука сме да кажеме дека тоа не е баш точно, бидејќи по својот состав на шеќери, тој е можеби поблизок до високо фруктозниот сируп, кој што сите го избегнуваме.

Ако медот беше вашиот досегашен избор, останете си на него, и не го заменувајте со агаве сируп.