Мафини со зеленчук
Состојки:
1 тиквичка со средна големина (изрендана)
1 морков со средна големина (изрендан)
30гр замрзнат грашок
30гр замрзната пченка
100гр урда
1/2 шолја (cup) бадемово млеко
1/4 шолја (cup) грчки јогурт
1/4 шолја (cup) маслиново масло
2 јајца
250 гр интегрално пченично брашно
3 лажички прашок за печиво
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на околу 180 степени Целзиусови. Изренданите моркови и тиквичка исцедете ги добро од водата. Потоа измешајте ги тиквичките и морковот со грашокот и пченката, па додајте им ги млекото, јогуртот, маслото и јајцата, па мешајте додека се да се соедини добро. Брашното измешајте го со прашокот за печиво, и потоа додајте го во другите состојки. Измешајте добро за се да се соедини, на крај зачинете по желба. Смесата ставете ја во калапи за мафини и печете ја околу 30 тина минути.