Skip to main content
КошничкаClose Cart

Исхрана при подготовка за IVF

Правилната исхрана, е важна за сите вас, кои што се подготвувате за IVF процедура.

Исхраната служи за да го обезбеди вашето тело со сите нутриенти кои што му се потребни, за правилна функција на сите органи и системи, меѓу кои и репродуктивниот систем.

Исхраната и нутриентите кои што ги внесувате преку исхраната се еден од факторите кој влијаaт на вашиот хормонален статус, продукција на сперма, квалитетот на јајце клетките, квалитетот на обвивката на матката и уште на многу други нешта кои што се важни за успешен процес на оплодување.

Кои се главните совети за вас?

1. Јадете квалитетни и нутиритивно богати оброци и намирници, за да внесете што повеќе корисни нутриенти преку храната. Анти-инфламаторна исхрана, значи уште и здрава исхрана, во која не се застапени сите преработени производи кои и самите по себе поттикнуваат непотребни и некорисни воспалителни процеси во вашето тело.

2. Свежите темно обоени овошја и зеленчуци ви служат за внес на супер количини на антиоксиданти, кои ќе ви помогнат подобро да го поднесете целиот третман.

3. Здравите протеини и масти се многу важен дел од вашата исхрана, бидејќи се потребни за правилна синтеза на сите хормони, и за правилна функција на репродуктивниот систем. Маслиново масло, ленено масло, и другите ладно цедени масла се добар избор за вас, а рафинираните масла се нешто што се препорачува да се исклучи од исхраната. Мешунките, јатките, семките, рибата, јајцата и живинското месо со одлични извори на здрави протеини.

4. Процесираната храна е нешто што не ви е потребно во овој период, прво – затоа што не внесувате ништо корисно со неа, второ – заради тоа што често пати внесувате штетни нешта со неа.

5. Внес на природни пробиотици и пребиотици (кисела зелка, кефир, зеленчук, овошје, кромид, житарки) е многу важно во овој период, бидејќи самата IVF процедура е проследена со употреба на разни медикаментозни терапии, кои што во одредена мера прават дисбаланс во вашата микрофлора, така што работа на ребалансирање на вашата микрофлора преку вашата исхрана е уште едно нешто што се препорачува да го направите во овој период.

Се надевам дека сите овие совети ќе ви бидат од помош ♥️