Житарки со златна мешавина
Потребни ви се:
50гр хељда
50гр просо
400гр златна мешавина
2 главици кромид
2 лажици маслиново масло
50гр кашкавал
Начин на подготовка:
Хељдата и просото се варат во вода и малку маслиново масло. Кромидот се сецка и се пропржува кратко заедно со златната мешавина и 2-те лажици маслиново масло. Откако житарките ќе се сварат, а кромидот и златната мешавина ќе се зготват, житарките се додаваат во тавчето со златна мешавина. Сите состојки се мешат заедно, се зачинуваат и на крај се ренда 50гр кашкавал.
Дозата е доволна за 3 до 4 лица.