Вафли со банана
Потребни ви се:
1 банана
1 јајце
2 лажици мед
1 лажичка прашок за печиво,
2 лажици интегрално брашно
1 лажица бело брашно
2 лажици маслиново масло
Начин на подготовка:
Бананата, јајцето, медот и маслото се блендираат. Потоа им се додаваат брашното и прашокот за печиво, и смесата се меша со маталка. Смесата е погуста од смеса за палачинки, ама сепак треба да биде “течна“, а не да биде леплива како тесто. Јас ставав по една и пол до две скрос полни лажици од смесата во секое од калапчињата за вафли, и печев по околу 5-6 минути. Количината на смеса и времето на печење зависи од апаратот што ќе го користите, па прилагодете ги овие мерки, на вашиот апарат.
Јас си ги искомбинирав вафлите со малку мед и црвено овошје, а сега се сетив дека и путер од лешник ќе беше супер додаток во оваа комбинација, па следен пат нема да го заборавиме. За понекалорична верзија додајте грчки јогурт или урда наместо путер од јатки.
На здравје!