Супа со просо и зеленчук
Потребни ви се:
1л вода
1 рендан морков
100гр грашок
200гр брокула
20гр просо
2 органски коцки за супа (без конзерванси, засилувачки на вкус и други штетни додатоци), или домашни коцки за супа
1 јајце
Начин на подготовка:
Во зовриената вода ги додавате сите зеленчуци, просото и коцките за супа. Варете додека не се сварат сите работи, и на крај, додка супата е уште жешка, и додавате 1 матено јајце. Јајцето разматете го добро со вилушка додајте му лимонов сок или балсамичен оцет, и постепено додајте му малку од супата, со постојано мешање. Потоа, додајте го јајцето во супата, со постојано мешање. На крај додајте магдонос по желба.