Пудинг од овес
Потребни ви се:
70гр варен овес
1/2 банана
1/2 портокал
1/2 јаболко
10гр протеин од грашок во прав
1 голема лажица путер од јатки
10-тина вишни вишни
10-тина капини (капините не ги изблендирав туку ги додадов одозгора)
Начин на подготовка:
Се се блендира, а капините се додаваат одозгора. Мене ми беше доволно благо за појадок, но ако сте љубители на поблаги појадоци или пак сакате ова да ви биде десерт додајте и малку мед.
Калориска вредност:
340ккал
15гр протеини
40гр јаглехидрати
11гр масти
9,5гр растителни влакна