Skip to main content
КошничкаClose Cart

Тортиља пица

Потребни ви се:
1 тортиља (околу 65гр)
2 лажици доматен сос
4 свежи шампињони
1 мала свежа пиперка
1 белка од јајце
40гр кашкавал
4 маслинки
Оригано

Начин на подготовка:

Тортиљата се премачкува со доматен сос, а потоа се редат сите други состојки, на крај се става белката од јајце, изматена со вилушка и зачинета со малку сол и зачини. Се пече во загреана рерна на 200 степени 6-7 минути.

Калориска вредност:

414ккал

22гр протеини

35гр јаглехидрати

19,6гр масти

7,3гр растителни влакна

Автор: дипломиран нутриционист Маја Велковска