Чорба од црвена леќа и зеленчук
Потребни ви се:
250гр црвена леќа
1 пиперка
1 морков
1 кромид
1 лажица маслиново масло
зачини и сол по потреба
Начин на подготовка:
Зеленчуците се сецкаат на ситни коцки и се динстаат на малку маслиново масло. Потоа се додава леќата, и 900мл вода. Јас готвев во мултиготвач, 15 минути на опцијата stew/soup. Ако готвите во тенџере само ќе треба да ја прилагодите количината на вода. Чорбата е готова кога леќата ќе се распадне и чорбата ќе се згусне. Зачинете по желба на крај.