Skip to main content
КошничкаClose Cart

Тортиља омлет

Потребни ви се:


1 млад кромид
2 јајца
зачини, сол
1 лажичка маслиново масло
1 тортиља (околу 65гр)
свеж зеленчук по избор
маслинки

Начин на подготовка:

Младиот кромид го сецкате и го матите со вилушка заедно со јајцата и малку зачини и сол. Потоа на малку маслиново масло кратко потпржете го омлетот, и ставете ја тортиљата одозгора, за да се залепи за омлетот. Откако ќе се потпечат јајцата од едната страна (за 2-3 минути), превртете го омлетот од другата страна и потпечете ја тортиљата уште 2-3 минути, т.е. додека јајцата не се зготват целосно. Потоа извадете го тортиља омлетот, наредете свеж зеленчук по избор, (може да искористите комбинација од марула, домат и маслинки), и замотајте го омлетот во форма на врап.

На здравје!

Калориска вредност:

440ккал
21,6гр протеини
35гр јаглехидрати
22гр масти
7,2гр растителни влакна