Банана леб со цимет
Потребни ви се:
75мл кокосово масло
150мл сируп од урми
2 јајца
2 зрели банани
60мл растително млеко
1 лажичка сода бикарбона
малку сол
малку цимет и ванила по желба
220гр интегрално брашно
50гр сецкани лешници или бадеми
Начин на подготовка:
Бананите згмечете ги со вилушка, а потоа измешајте ги со течните состојки. На крај додајте ги сувите состојки, и измешајте добро. Печете во калапче за леб, околу 55-60минути на температура од 165 степени Целзиусови.