Колач со јаболко и цимет
Потребни ви се:
500гр излупени и ситно исецкани јаболки
3 јајца
180мл овесно млеко
100гр шеќер од урми
200гр интегрално брашно
100гр овесни снегулки
80мл кокосово масло
12гр прашок за печиво
1/2 лажичка цимет
Начин на подготовка:
Во блендер избелендирајте ги (или изматете ги со миксер) течните состојки. Потоа додајте ги сувите состојки и измешајте со лажица. На крај додајте ги јаболките и измешајте добро со лажица. Печете на 180 степени Целзиусови, околу 40-тина минути, а потоа уште 10-тина минути на 150 степени Целзиусови.