Брауни со сладок компир
Потребни ви се:
1 поголем сладок компир
1/2 шолја путер од кикирики
1/2 шолја какао во прав
1/2 шолја сируп од урми
1/4 шолја растопено кокосово масло
1 лажичка прашок за печиво
1/4 лажичка сол
Начин на подготовка:
Испечете го слаткиот компир, и потоа измешајте го со сите други состојки, во процесор за храна (или сварете го компирот и изгмечето го со вилушка – во форма на пире, па со лажица, добро измешајте го со сите други состојки). Истурете ја смесата во тавче за печење и печете во претходно загреана рерна на 180 Степени Целзиусови, околу 25-30 минути.