Skip to main content
КошничкаClose Cart

Крем супа со печурки и брокула

Потребни ви се:

300гр свежи шампињони (крупно исецкани)

450гр замрзната брокула (можете да искористите и свежа брокула, околу 250 – 300гр би биле соодветна замена за 450гр замрзната брокула

100гр морков (крупно исецкан)

30гр путер

Начин на подготовка:

Во тенџере (или во мултиготвач), ставате 30гр путер и кратко го пропржувате зеленчукот. Потоа ставете 700мл вода и варете 10-15 минути. На крај изблендирате ја целата смеса и додајте сол и зачини по желба. Јас ја готвам супата во мултиготвач, и 700мл течност и се сосема доволно, но доколку готвите во тенџере, можеби ќе ви требаат дополнителни 100-200мл вода.

Вкусот е одличен, и супата е еден супер начин за како да внесете повеќе зеленчук во вашата исхрана.

Автор: дипломиран нутриционист Маја Велковска