Посен колач со тиква
Потребни ви се:
350гр тиква
80гр интегрален шеќер
1 мала лажичка сода бикарбона
50мл кокосово масло
150мл сок од портокал
70гр мелени ореви
50гр суво овошје по избор (исецкано на поситни парчиња)
150гр интегрално пченично брашно
50гр бело пченично брашно
За одозгора:
Џем од кајсии
Мелени ореви
Начин на подготовка:
Изрендајте ја тиквата, па поросете ја со шеќерот и со содата, и оставете ја 1 час да отстои. Потоа тука додајте ги другите состојки и измешајте добро. На крај смесата ставете ја во плех за печење, обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на температура од околу 180 Степени Целзиусови, околу 35 минути. Кога колачот ќе биде готов, премачкајте го со џем од кајсии, и наросете ореви.