Skip to main content
КошничкаClose Cart

Индивидуална програма за исхрана

-Индивидуалната програма за исхрана се изработува индивидуално за секој клиент, според потребите на клиентот и се прилагодува на неговата здравствена состојба и навики во исхраната. Соработката за креирање на индивидуална програма за исхрана може да се одвива целосно онлајн, или преку средби во канцеларијата во Кавадарци.

Индивидуалните програми за исхрана можат да бидат наменети за:

  • Лица со покачена телесна маса
  • Лица кои се дијабетичари
  • Лица кои боледуваат од Хашимотов тиреоидитис
  • Лица со анемија
  • Лица со покачен крвен притисок
  • Лица со алергии
  • Трудници
  • Доилки
  • Мали деца
  • Лица со останати нутритивно поврзани болести.

Што ви е потребно за да добиете индивидуална програма за исхрана?

Треба да закажете телефонски разговор/или термин за средба во канцеларија. Во текот на разговорот, се даваат сите информации кои што се потребни за изработка на програмата.

Клиентите кои што имаат одредени хронични/акутни болести и примаат одредена терапија, треба да ги наведат своите дијагнози и терапијата која што ја примаат.

Дали ви е потребна крвна анализа?

Доколку имате некој здравствен проблем, тогаш препорачуваме да приложите и крвна анализа која не е постара од 3-6 месеци, а и во сите останати случаи е препорачливо да се приложи крвна анализа, но не е задолжително.

Програмите за исхрана се изработуваат во рок од неколку дена (4-7 дена ) по разговорот.

Програмите за исхрана се состојат од: совети за исхрана; две 7 дневни менија за исхрана, кои што се повторуваат по два пати, консултации и контроли во текот на траењето на програмата.

Закажи Консултација