Insta Melt Away 14

 

Insta Melt Away 14 спаѓа во групни програми за исхрана

-Групните програми за исхрана претставуваат готови програми за исхрана, креирани за постигнување на одредена цел (слабеење, здрав начин на исхрана итн.). Менијата за исхрана во овие програми се исти за сите учесници, но постојат правила за замени и модификации во рамките на програмата, и индивидуални насоки и совети. Во програмата е вклучена и моја поддршка, следење и консултации со мене, во периодот додека трае програмата. Групните програми за исхрана не се отворени постојано, и на нив можете да се пријавите само во термините во кои се отворени за пријавување.

Што претставува Insta Melt Away 14 ?

-Оваа програма претставува 14 дневна програма за исхрана за слабеење. Менито во оваа програма е малку порестриктивно, и се состои од три предлог оброци, и една ужина по потреба и по договор. Во програмата е вклучен и рецепт за секој оброк.

За кого е наменета Insta Melt Away 14?

За сите кои имаат вишок на телесна маса, а притоа немаат посериозни и неисконтролирани здравствени проблеми. Доколку некој има здравствен проблем кој може да се менаџира или барем да се подобри со соодветна исхрана и тоа му е примарната цел, тогаш препорачувам да изберете индивидуална програма за исхрана, наместо групна програма за слабеење.

Што добивате во програмата?

14 дневна програма за исхрана со правила, совети, и 14 дневно мени со рецепти (3 оброци и предлог ужини), 14 дневна поддршка од мене и од групата, консултации со мене во текот на програмата.

Кога започнуваме?

19-ти август (петок)

Цена?

790ден

Пријавување и начин на уплата?

Можете да се пријавете онлајн, или преку уплата на жиро сметка.

Линк за онлајн пријавување: кликнете тука!

 

 

За пријавување онлајн: откако ќе извршите уплата на програмата (во нашата онлајн продавница), вие сте пријавени. На 18-ти август ќе бидете одобрени на програмата. 18-ти август е ден за споделување на шопинг листите, праќање на програмата, објаснување на основните правила, ден за пазарење и подготовки. Со програмата започнуваме од 19-ти август. Доколку сакате да ја подарите програмата на некому, пишете ми на кого му ја подарувате програмата, и, или мене испратете ми контакт од учесникот, за јас да го исконтактирам, или на учесникот испратете му контакт од мене, за тој да ме исконтактира.

Доколку се пријавувате преку уплата на жиро сметка (300040000180648 – Нутрика Маја ДООЕЛ), по уплатата испратете ми потврда за уплата и ваша e-mail адреса, на вајбер (070 424 686), e-mail (maja.velkovska278@gmail.com), или инстаграм (@the_healthier_you_). На 18-ти август ќе бидете одобрени на програмата. 18-ти август е ден за споделување на шопинг листите, праќање на програмата, објаснување на основните правила, ден за пазарење и подготовки. Со програмата започнуваме од 19-ти август. Доколку сакате да ја подарите програмата на некому, пишете ми на кого му ја подарувате програмата, и, или мене испратете ми контакт од учесникот, за јас да го исконтактирам, или на учесникот испратете му контакт од мене, за тој да ме исконтактира.

Инструкции за програмата ќе добиете на e-mail адресата која ќе ја оставите при купување на програмата.