Skip to main content
КошничкаClose Cart

Insta Simply Health 21

 

Insta Simply Health 21 спаѓа во групните програми за исхарана

-Групните програми за исхрана претставуваат готови програми за исхрана, креирани за постигнување на одредена цел (слабеење, здрав начин на исхрана итн.). Менијата за исхрана во овие програми се исти за сите учесници, но постојат правила за замени и модификации во рамките на програмата, и индивидуални насоки и совети. Во програмата е вклучена и моја поддршка, следење и консултации со мене, во периодот додека трае програмата. Групните програми за исхрана не се отворени постојано, и на нив можете да се пријавите само во термините во кои се отворени за пријавување.

Што претставува Insta Simplyhealth 21?

-Оваа програма претставува 21 дневна програма за исхрана за здрава исхрана и здрав начин на живот. Во програмата е вклучен: водич за здрав имун систем, водич за здрав начин на исхрана и живот и рецепт за секој оброк. Програмата не е рестриктивна, и се состои од 3 оброци на ден, и предлози за ужини, кои се консумираат, по потреба.