
Што претставуваат готовите/групни програми за исхрана за слабеење?
-Групните програми за исхрана претставуваат готови програми за исхрана, креирани со цел да се постигне слабеење. Менијата за исхрана во овие програми се исти за сите учесници, но постојат правила за замени и модификации во рамките на програмата, и индивидуални насоки и совети. Во програмата е вклучена и моја поддршка, следење и консултации со мене, во периодот додека трае програмата.
Стари и нови групни програми ?
-Групните програми од 2024-та и 2025-та се достапни да се купат преку нашата продавница, во било кое време. За секоја програма, имате посебно објаснување, што точно содржи таа, и колку консултации добовате со неа. Старите групни програми, се достапни само за купување со индивидуални консултации, и нема отворена група за нив и групна поддршка. Т.е. доколку се одлучите да купите некоја од минатите групни/готови програми за исхрана, тогаш, откако ќе ја купите програмата, пополнувате прашалник, по што следува консултација со мене, каде што ќе добиете насоки за програмата и калорискиот внес. Потоа соработуваме и комуницираме онолку време колку што трае програмата и добивате онолку консултации колку што е наведено во самата програма (една консултација неделно). Консултациите се телефонски.
Групни програми во 2026-та година:
-За 2026та година, планираме нов начин на функционирање, т.е. секој месец ќе има групна програма, т.е. секој месец ќе се добиваат по нови 30 рецепти со пресметани калории, за да можеме да имаме континуирана соработка со тие што имаат потреба од тоа. Можете да се пријавувате во сите месеци, можете да се пријавувате само на неколку од нив, тоа е ваш избор. Последните 2 недели од претходниот месец се рок за пријавување за следниот месец. Почнуваме од февруари, што значи дека од 15-ти до 31ви јануари се формира групата за февруари, а со група февруари почнуваме на 1-ви февруари, од 15-ти до 28-ми февруари се формира групата за март, а со група март почнуваме од 1-ви март, па од 15-ти до 31ви март се формира групата за април итн. Начинот на функционирање на овие програми е следниот: пред почеток на програмата, пополнувате прашалник, по што добивате насоки од мене, во однос на калорискиот внес. Потоа ќе бидете додадено во групна порака на инстаграм, каде што комуницираме за се околу програмата. Во текот на 1 месец, добивате 2 консултации со мене, и групна поддршка. Комуникацијата/консултациите се во пишана форма.
Цена: 790 денари месечно.
После првиот месец, за секој следен месец добивате 10% попуст на редовната цена