Insta Skinny Up 40

 

Insta Skinny Up 40 спаѓа во групни програми за исхрана.

-Групните програми за исхрана претставуваат готови програми за исхрана, креирани за постигнување на одредена цел (слабеење, здрав начин на исхрана итн.). Менијата за исхрана во овие програми се исти за сите учесници, но постојат правила за замени и модификации во рамките на програмата, и индивидуални насоки и совети. Во програмата е вклучена и моја поддршка, следење и консултации со мене, во периодот додека трае програмата. Групните програми за исхрана не се отворени постојано, и на нив можете да се пријавите само во термините во кои се отворени за пријавување.

Што претставува Insta Skinny up 40 ?

-Оваа програма претставува 40 дневна програма со исхрана за слабеење. Менито во оваа програма не е многу рестриктивно, се состои од три оброци и една до две ужини по потреба. Во програмата е вклучен и рецепт за секој оброк.

За кого е наменета Insta Skinny Up 40?

 -За сите кои имаат вишок на телесна маса, а притоа немаат посериозни и неисконтролирани здравствени проблеми. Доколку некој има здравствен проблем кој може да се менаџира или барем да се подобри со соодветна исхрана и тоа му е примарната цел, тогаш препорачувам да изберете индивидуална програма за исхрана, наместо групна програма за слабеење.

Што добивате во програмата?

40 дневна програма за исхрана со правила, совети, и 40 дневно мени со рецепти (3 оброци и предлог ужини), 40 дневна поддршка од мене и од групата, консултации со мене во текот на програмата.

Кога започнуваме?

18-ти мај

Цена?

1490ден

Пријавување и начин на уплата?

Можете да се пријавите онлајн, или преку уплата на жиро сметка.

Линк за онлајн пријавување: кликнете тука!

 

За пријавување онлајн: откако ќе извршите уплата на програмата (во нашата онлајн продавница), вие сте пријавени. На 17-ти мај ќе бидете одобрени на програмата. 17-ти мај е ден за споделување на шопинг листите, праќање на програмата, објаснување на основните правила, ден за пазарење и подготовки. Со програмата започнуваме од 18-ти мај. Доколку сакате да ја подарите програмата на некому, пишете ми на кого му ја подарувате програмата, и, или мене испратете ми контакт од учесникот, за јас да го исконтактирам, или на учесникот испратете му контакт од мене, за тој да ме исконтактира.

Доколку се пријавувате преку уплата на жиро сметка (300040000180648 – Нутрика Маја ДООЕЛ), по уплатата испратете ми потврда за уплата и ваша e-mail адреса, на вајбер (070 424 686), e-mail (maja.velkovska278@gmail.com), или инстаграм (@the_healthier_you_). На 17-ти мај ќе бидете одобрени на програмата. 17-ти март е ден за споделување на шопинг листите, праќање на програмата, објаснување на основните правила, ден за пазарење и подготовки. Со програмата започнуваме од 18-ти мај. Доколку сакате да ја подарите програмата на некому, пишете ми на кого му ја подарувате програмата, и, или мене испратете ми контакт од учесникот, за јас да го исконтактирам, или на учесникот испратете му контакт од мене, за тој да ме исконтактира.

Инструкции за програмата ќе добиете на e-mail адресата која ќе ја оставите при купување на програмата.