За сите вас кои што сакате да научите колкава количина на храна, е доволна за вас, и во мај ќе имаме уште една група од 28 дневниот пролетен предизвик.
Оваа групна програма трае 28 ден, и е тука за да ви помогне да ги научите основите на исхрана и начин на живот за слабеење, а исто така со неа ќе научите и нови рецепти, и совети.
Програмата содржи:
– мени за исхрана за 14 дена (различни 14 предлози за појадок, 14 предлози за ужина, 14 предлози за ручек и 14 предлози за вечера).
Менито се повторува два пати во текот на траењето на програмата, и вкупно програмата трае 28 дена
– со програмата добивате и консултации и советување со мене, и поддршка од моја страна, секако
– програмата е креирана од страна на дипломиран нутриционист, и ги задоволува вашите дневни потреби за микро и макронутриенти
Во програмата има две опции за калориски внес
1600 – 1700 ккал
1300 – 1400 ккал
Секој учесник ќе добие препорака од мене, за тоа кој калориски внес да го следи.
Со нетрпение чекам да ја почнеме мајската група, каде што уште еднаш ќе имате можност оваа програма да ја добиете за само 990 денари, и да почнете на време да се подготвувате за летото кое е пред нас.
Секако, преку програмата ќе научите и како да си креирате избалансирани оброци, и ќе научите колкава количина на храна, ви е потребна за да постигнете слабеење.
Пред купување на програмата, пишете ми порака, во која ќе ме информирате за вашата моментална телесна маса, здравствена состојба, возраст, висина и ниво на физичка активност, со цел да добиете информација дали оваа програма е најсоодветната за вас.
Програмата можете да ја набавите во делот Продавница, на веб сајтот, или да се пријавите на истата, преку нејзина уплата на жиро сметка.
Ве очекувам сите на 28 дневниот пролетен предизвик!
Се гледаме наскоро (heart)