
Програма за исхрана при инсулинска резистенција и дијабетес
Програмата за исхрана при инсулинска резистенција и дијабетес е наменета за сите лица кои што имаат дијагноза: дијабетес, преддијабетес, гестациски дијабетес, или пак страдаат од инсулинска резистенција. Во оваа програма се фокусираме на креирање на мени за исхрана, кое што ќе овозможи добра контрола на гликемијата во крвта, и подобрување на инсулинската резистенција. Исто така целта е и да се едуцираме за правилна исхрана, при нарушен метаболизам на гликемија.
Што содржи програмата?
Програмата содржи многу информации, испишани на 80 страни.
Добивате:
– комплетна едукација за инсулинска резистенција (преддијабетс) и како да се храните при истата
– 14 различни оброци за појадок
– 14 различни рецепти за ужини
– 14 различни оброци за ручек
– 14 различни оброци за вечера
– Секој оброк е со пресметана калориска вредност и макронутриенти
– Секој оброк доаѓа заедно со рецепт за истиот
Програмата е креирана од дипломиран нутриционист Маја Велковска