Skip to main content
КошничкаClose Cart

Нашите клиенти не обожаваат!

Доколку се двоумете за да направете соодветен избор за добар нутриционист и да започнете со здрава исхрана и грижа за вашето здравје, а воедно и здравјето на вашите најмили, направете го вистинскиот извор, изберете ја Маја, Ви гарантирам дека нема да згрешите. Секогаш достапна, посветена на својата работа, внимателна, грижлива, со најдобри совети и препораки, дополнително истражува сакајќи да најде идеално решение за секој ваш проблем. Најтопло ви ја препрачувам.

Кристина

Маја е вистински професионалец. Таа со нејзината посветеност и трпеливост ми помогна да научам многу нешта кои ми помогнаа да го подобрам моето здравје, преку режимот на исхрана кој таа ми го дава се чувствувам многу полесно, сонот ми е подобар, хормоналниот дисбаланс почна полека да се средува, притисокот се нормализира, килограмите полека одат надолу. Секој нејзин совет вреди злато и затоа сум многу благодарна што ја запознав и што ја имам и како помошник и советник за секој проблем поврзан со здравјето и со здравиот начин на живот.

Весна

Со Маја имав убаво искуство, со користење на Online програмата за исхрана за слабеење Insta Skinny up 40. Благодарение на Маја научив многу нови рецепти, едноставни и здрави. Сето она што ми било пред очи со Маја го сфатив и почнав да го применувам со прекрасни бенефити за моето здравје. Со помош на 40 дневната програма сфатив што ми пречи а што ми одговара на моето тело а притоа ја зацврстив својата ментална дисциплина во однос на изборот на храна и апетит а воедно и намалив на килажа на еден убав лесен начин.

Мр. Билјана Христовска – Ампевска

Прирачникот за исхрана на доенчиња и мали деца според мене е многу добар за почеток со исхрана кај бебиња/деца. За мене беше важно да добијам насока и осет за како да почнеме и продолжиме со исхраната кај синчето, и можам да кажам дека тоа што го очекував а и многу повеќе го има во прирачникот. За прирачникот исто така можам да кажам дека ги задоволи моите очекувања. Многу информации научив, и применив од истиот.

Ирена

Моето искуство со Маја беше прекрасно! Беше со мене низ секој следен чекор за подобрување на мојата општа здравствена состојба и трпеливо губење на телесна тежина. Со нејзина помош ги исполнив моите желби за подобар изглед, намалување на сезонските алергии и подобар имунитет. Голема благодарност за професионалноста и грижата! Топло препорачувам соработка на секој оној кој е храбар и има волја да го промени својот живот на подобро и поквалитетно живеење!

Тамара

"Водичот за исхрана на доилки" претставува одлична насочница за сите трудници и мајки доилки, кои не ретко во своето секојдневие се среќаваат со контрадикторни информации во поглед на тоа кои намирници се "дозволени" а кои се "забранети" и не треба да се дел од менито на мајката за време на лактација. Во истиот се опфатени најчестите дилеми на семејствата во поглед на исхраната на мајката доилка и последиците по здравјето и однесувањето на бебето, опфатени се совети околу потребниот калориски внес, даден е осврт за потребата за суплементи, како и предлог намирници со потенцијално својство за поддршка на лактацијата (т.н. галактогоги).

Она што мене посебно ми се допадна, е што Водичот располага со богата а истовремено концизна содржина, чија основа се актуелните податоци застапувани од страна на сите локални и светски реномирани здравствени установи. Што значи - Водичот располага со факти и објаснува која е суштината зад фактите. Нешто што сметам дека е навистина важно, бидејќи една жена чиешто тело поминало низ процесот на породување и продолжува да го одржува во живот бебето преку процесот на лактација, треба и те како да се грижи за тоа од што се состои нејзиното мени - да се труди да биде што побогато и поразновидно, без неосновани ограничувања. Дополнително, Водичот на крајот нуди предлог менија кои се "за сечиј вкус".

Навистина ми е задоволство што постои еден ваков Водич, кој умешно ги сублимира сите важни теми кои ја засегаат жената за време на доење / лактација.

НаташаСертифициран специјалист за доење: