Skip to main content
КошничкаClose Cart

Да ви се претставам

Јас сум Маја Велковска, и сум дипломиран нутриционист.
За многумина нутриционизмот е асоцијација за рецепти, за готвење и за храна, но за мене тоа е наука, постојано истражување за тоа како храната и исхраната влијаат на сите процеси кои што се случуваат во нашето тело. Најмногу ме интересира која е врската помеѓу храната/исхраната и здравјето и храната/исхраната и болестите.
Не сум голем љубител на експириментирање во кујна, но сакам да подготвувам едноставни, а хранливи и здрави оброци. Фокусирана сум на практичен, едноставен и побрз, но здрав начин на исхрана.
Моето стручно образование го завршив во 2017- тата година на Технолошко –технички факултет –Велес, насока – нутриционизам, како студент на генерацијата, со завршени студии со просек 10.00.
Уште пред завршувањето на студиите, започнав да работам со клиенти (т.е. познаници), со цел да стекнам искуство кое ќе ми помогне во понатамошната работа, така што сега веќе имам 4+ годишно искуство во работата со вас, и многу успешни заеднички приказни зад нас.
Мојата мисија е да ви помогнам да станете поздравата верзија од самите вас и да живеете поквалитетен и поисполнет живот.

Често поставувани прашања

1. Што треба да направам за да добијам индивидуална програма за исхрана?

За да добиете индивидуална програма за исхрана потребно е да закажете термин за разговор/средба. Информации кои што се потребни за изработка на индивидуална програма за исхрана се: податоци за вашата здравствена состојба (извештај од поставени дијагнози доколку постојат; заедно со моментално употребувана терапија доколку се употребува терапија; крвна анализа не постара од 3 месеци), информации за вашата исхрана и начин на живот (т.е. опис на вашиот сегашен начин на исхрана и живот).

2. Доколку се одлучам да започнам со користење на програма за исхрана, дали морам да започнам да консумирам производи кои што моментално не ми се вклучени во исхраната и кои не сакам да ги консумирам?

Програмите се изработуваат во договор со клиентот, така што, што ќе биде вклучено а што нема да биде вклучено во исхраната е по договор.

3. Дали програмите за исхрана вклучуваат скапа храна која е потешко да се набави?

Програмите за исхрана се базираат на намирници кои ни се лесно достапни и кои што се со пристапни цени, а сите останати намирници може да бидат дел од програмата, со претходен договор со клиентот.

4. Дали програмите се изработуваат според крвна група?

Не, програмите се изработуваат според сите официјални научни податоци кои што ги имаме на тема исхрана и човеково здравје. Исхрана според крвна група моментално спаѓа во категоријата на псевдонаука, т.е. нејзините принципи не се темелат на релевантни научни докази, и поради тоа не ги користам принципите на исхрана по крвни групи, во мојата работа.

5. Дали програмите за исхрана за слабеење имаат јојо ефект?

Не, програмите за здрав начин на исхрана за слабеење, кои водат до елеминирање на вишокот телесна маса, немаат јојо ефект. Но, доколку се вратите на стариот начин на исхрана и живот, кои што биле и причина за вишокот килограми, нема дилеми за тоа дека ќе се вратат и килограмите што сте ги изгубиле со овој начин на исхрана, но тоа не е јојо ефект, туку тоа е причинско – последична врска. Ако причината (несоодветна исхрана и стил на живот) се врати, со неа доаѓа и последицата (вишокот телесна маса).