Студија: куркумин и КОВИД – 19
Во еден претходен пост зборувавме за тоа дека растителната исхрана и исхраната која се базира на растителни производи, а содржи и мали количини на риба и морски плодови, е поврзана со намален ризик од развој на потешка форма на КОВИД – 19, а сега ќе зборуваме за тоа на кои се начини куркуминот, може да ни помогне во борбата против КОВИД – 19.
Антивируснте ефекти на куркуминот
Веќе е познато, и е докажано дека куркуминот делува антивирусно на повеќе вируси кои веќе ни се познати: Zika virus, Infuenza A virus, hepatitis C virus итн. Куркуминот делува на повеќе начини, и на пример може да превенира вирусот да се прикачи на клетката домаќин, може да го забави овој процес, може да делува и на отежнување на репликацијата (копирањето) на вирусниот геном, итн. Со сето знаење кое што го имаме од порано, плус in vtiro студиите кои го разјаснуваат начинот на кој куркуминот делува на SARS CoV2 – invitro, може да се каже дека куркуминот најверојатно би имал многу добри антивирусни ефекти, и во однос на SARS CoV2.
Антиинфламаторните (антивоспалителните) ефекти на куркуминот
Исто така веќе ни се познати и антивоспалителните ефекти на куркуминот, но ајде да видиме како овој ефект е важен при КОВИД – 19. Знаеме дека КОВИД – 19, е проследен во воспалителни процеси, а знаеме и дека кај одреден број на случаи кои што ќе развијат тешка форма на КОВИД – 19, сето тоа е проследено со хиперинфламаторен одговор – кој резултира со т.е. цитокинска бура. Пациентите со КОВИД -19 покажуваат висока mRNA експресија и секретирани цитокини (цитокините се всушност показател за воспалителните процеси во телото), но по третман на овие пациенти, со нанаокуркумин, се покажало значително намалување во нивото на IL-6 and IL-1β, т.е. се намалило нивото на некои цитокини кои што ни се показатели за инфламација (воспаление). Исто така и бројот на Th17 клетките, експресијата на гените, и серумските нивоа на Th17-посредувани фактори (IL-17, IL-21, IL-23, и GM-CSF) значително се намалиле во двете фази на болеста, во групата на пациенти кои што биле третирани со нанокуркумин. Антиинфламаторниот ефект на куркуминот, при КОВИД – 19 е веќе докажан и во праска.
Хемостатски пореметувања при КОВИД – 19 и куркумин
Тука всушност ќе зборуваме за ефектите на куркуминот врз пореметувањата во функцијата на тромбоцитите, при КОВИД – 19. Антикоагулантните и антитромботичните ефекти на куркуминот, се веќе докажани, и со сите научни информации кои што ги имаме до сега, може да се каже дека куркуминот е супстанца кој што многу ветува, во поглед на позитивни бенефити кај лица со КОВИД – 19, кои што имаат зголемен ризик од формирање на крвни тромби. Куркуминот има докажан антитромботичен ефект и го намалува афинитетот на тромбоцитите, за слепување и згрутчување. Тој делува уште на неколку начини, за да го намали ризикот од компликации кај лица со хемостатки пореметувања.
Куркуминот и белите дробови
Познато ни е дека КОВИД – 19 може да доведе до акутен респираторен дистрес синдром, т.е. може да ги оштети белите дробови, но за среќа куркуминот може да помогне дури и во овој дел. Некои пациенти со оваа сотојба имаат потреба од маханичка вентилација, но несоодветна механичка вентилација, може да доведе до повреда на белите дробови предизвикана од механичката вентилација. Студиите изведувани со модел на белодробни оштетувања, покажале дека куркуминот може да помогне во поправање на штетата предизвикана од повреда на белите дробови поради механичка вентилација. Куркуминот ја намалува стапката на изумирање/смрт на алвеоларните клетки тип 2 (клетки во белите дробови), и исто така го намалува нивото на про воспалителни цитокини. Исто недостасуваат in vivo студии за точните ефекти на куркуминот, врз респираторниот систем при КОВИД – 19, сепак сето ова дава голема надеж дека и во пракса, куркуминот има одличен ефект и врз проблемите кои настануваат во респираторниот систем, а се предизвикани од КОВИД – 19.
Куркуминот и кардиоваскуларните компликации
И во овој дел немаме директни податоци за тоа како влијае куркуминот кај пациенти со КОВИД – 19, но досегашните сознанија ни го потврдуваат фактот дека куркуминот влијае позитивно врз кардиоваскуларниот систем, преку различни механизми. Во експириментални модели на сепса, куркуминот се покажал како ефективен во подобрување на параметрите кои се следат за да се одредат изгледите за преживување. Куркуминот, го намалил оштетувањето на срцето, предизвикано од сепса, ја подобрил кардиоваскуларната функција и влијаел на намалување на параметрите кои што се маркер за оксидативно оштетување/стрес.
Се надевам дека се што кажавме денес, ќе ве мотивира, да обрнете повеќе внимание на нештата што се во ваши раце, за и преку исхраната и начинот на живот да си ги подобрите вашите шанси за полесно надминување на КОВИД – 19, доколку сепак дојде до тоа да се заразите со SARS CoV2.